Утрински Весник
Македонија

Разгледани се можности за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа

Разгледани се можности за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретнал со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија, со кој разговарале за начинот на кој се справуваат со здравствено-економската криза Македонците кои живеат во Голо Брдо и Мала Преспа, објави премиерот на својот фејсбук профил.

-Добрите меѓудржавни односи на Северна Македонија и Албанија имаат одраз и во грижата за подигнување на квалитетот на живот на Македонците во Република Албанија, преку проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во местата во коишто живеат, напиша премиерот Оливер Спасовски. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар и во цела Македонија

OSAC 2026: Македонија и Албанија – различни безбедносни ризици, исти структурни предизвици

Лекот „Фостер“ повторно ќе се зема по стара цена