Утрински Весник
Свет

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира Влада“

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира Влада“
Ss2

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател, Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на консултациите кои почнуваат денеска пред доделувањето на мандатот за нова Влада, јави БГНЕС.

Двете преодни влади ја стабилизираа земјата, рече Радев, истакнувајќи дека ефикасна коалициска влада може да постои и претседателската институција е отворена за дијалог, како и за поддршка во рамките на нејзините овластувања.

300x250 (7)

Сфативме дека е сосема итно да имаме влада, порача кандидатот за премиер, Кирил Петков, од „Промената продолжува“.

„Бугарија веќе има итна потреба од Влада. Оваа одговорност ја презедовме и идејата е во блиска иднина да го претставиме предлог-кабинетот врз основа на коалиција од четирите партии“, додаде Петков.

Тој истакна дека досегашните разговори меѓу ПП, БСП, ИТН и ДБ се апсолутно конструктивни.

„Направивме коалициски документ, кој синоќа беше комплетиран и испратен до сите коалициски партнери. Ги сумира сите мерки за кои разговаравме. Секоја од партиите во оваа коалиција треба да биде претставена во идниот кабинет. Имавме над 90 отсто заеднички политики. На Бугарија и требаат автопати, добри приходи, за да ги врати Бугарите од странство“ рече Кирил Петков.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип