Утрински Весник
Спорт

Раванели: Се плашам за финалето, се е подготвено за славје на Англија

Раванели: Се плашам за финалето, се е подготвено за славје на Англија

Поранешниот италијански фудбалски голгетер, Фабрицио Раванели за италијанските медиуми го најави финалето на ЕУРО2020 – Италија против Англија на „Вембли“ во Лондон.

„Очекувам многу напнат натпревар, екипите ќе се респектираат и очекувам малку голови, но тактичката борба сигурно ќе биде интересна“ смета Раванели.

Фудбалерот кој е легенда на Јувентус смета дека играњето во Лондон би можело да е предност за Италија, а не за домаќинот Англија.

„Играњето на `Вембли` би можело да е предност за нас. Имаме искусни играчи како Бонучи и Киелини, додека атмосферата би можело да им создаде дополнителен притисок на Англичаните. Единствено стравувам од тоа што веќе се е подготвено за славје на Англија. Пеналот против Данска не постоеше, судењето беше скандалозно“ рече Раванели.

> Раванели: Се плашам за финалето, се е подготвено за славје на Англија <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид