Утрински Весник
Свет

Раб негира дека било пукано на британскиот разурнувач: Руското објаснување не е точно

Раб негира дека било пукано на британскиот разурнувач: Руското објаснување не е точно
300x250 (7)

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, денес соопшти дека не било пукано во британскиот разурнувач во Црното Море и дека руското објаснување за инцидентот е предвидливо неточно, а тој исто така ја повика Кина да ги почитува договорите поврзани со Хонг Конг .

Властите во Москва вчера објавија дека руски патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот разурнувач „Дефендер“, бидејќи наводно влегол во руските територијални води во близина на Крим, што Велика Британија го негира.

300x250 (7)

„Не е пукано во британскиот разурнувач „Дефендер“, кој минуваше низ украинските територијални води“, изјави Раб пред новинарите за време на посетата на Сингапур, пренесуваат агенциите.

Тој нагласи дека бродот пловел во согласност со меѓународното право, и дека рускиот извештај за настанот е очекувано неточен.

За време на своето обраќање, Раб зборуваше и за неодамнешните настани поврзани со Хонг Конг и апсењето на новинарите на „Епл Дејли“ според законот за национална безбедност и ја повика Кина да ги почитува своите обврски кон независните медиуми во Хонг Конг, во согласност со договорот кој го има со Велика Британија.

„Ние следиме многу внимателно што се случува во врска со затворањето на „Епл Дејли“ и апсењето на новинари и ја повикуваме Кина да ги почитува договорите што слободно ги прифати и веруваме дека станува збор за доверба и е важно за луѓето од Хонг Конг“, рече Раб.

Властите во Хонг Конг претходно објавија дека полициските активности преземени во „Епл Дејли“ не се насочени кон слободата на печатот, а кинеското Министерство за надворешни работи по повод тоа рече дека правата и слободите не можат да бидат пред националната безбедност.

Ss1

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Русија: Вежбите на НАТО во Финска „го зголемуваат ризикот од воен инцидент“