Утрински Весник
Македонија

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување
300x250 (7)

Владата го прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот, претставен од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи утре во Софија.

Img 5587

„ Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави“ соопшти владината прес-служба.

Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите 

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата и ближниот, да направиме утре да биде подобро од денес

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех