Утрински Весник
Свет

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах
Img 5587

Претседателите на Русија, САД и Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах.

Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел Макрон повикаа на итен прекин на борбите во Нагорно-Карабах. Претседателите ги повикаа Азербејџан и Ерменија да ги продолжат преговорите за Нагорно-Карабах без предуслови.

300x250 (7)

„Претседателот на Руската Федерација, претседателот на Соединетите Американски Држави и претседателот на Република Франција, кои ги претставуваат државите копретседавачи на Минската група на ОБСЕ, остро ја осудуваат ескалацијата на насилството на линија на разграничување во зоната на Нагорно-Карабах“, се вели во соопштението кое го пренесува агенцијата „Спутник“.

„Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да ги преземат своите обврски со добра волја веднаш и без поставување предуслови за продолжување на преговорите за решавање на ситуацијата, со помош на копретседавачите на Минската групата на ОБСЕ“, се вели во соопштението на лидерите на земјите кои копретседаваат со оваа група.

Претседателите на Русија, САД и Франција исто така сметаат дека борбите во Нагорно-Карабах треба веднаш да се запрат.

„Повикуваме на итен прекин на непријателствата меѓу вооружените сили“, се вели во заедничкото соопштение.

Во изјавата се додава дека претседателите жалат за жртвите и изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и ранетите.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше минатата недела. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Русија загуби стратешки важен остров

Израелски медиуми јавуваат дека ИДФ ги одобриле плановите за операција во Рафа

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години