Утрински Весник
Свет

Путин: Првата ракета „Сармат“ ќе ѝ биде достапна на армијата до крајот на годината

Првата ракета „Сармат“ ќе ѝ биде достапна на армијата до крајот на годинава, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„ Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Планирано е првиот комплекс да биде употребен во армијата до крајот на годината“, рече Путин за време на разговорите со кадетите од воените средни училишта што ги прими во Кремљ.

Според карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата Сармат нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски експерти.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите