Утрински Весник
Економија

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Img 5587

Со отфрлањето на руските енергетски извори, Европската унија претставува економско самоуништување за ЕУ, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на состанокот посветен на ситуацијата во нафтениот сектор.

„Денес гледаме дека од апсолутно политички причини, поради сопствените амбиции и под притисок на американскиот господар, европските земји воведуваат нови санкции на пазарите на нафта и гас. Сето ова води кон пораст на инфлацијата и наместо да ги признаат своите грешки, тие бараат виновници однадвор“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

300x250 (7)

Тој посочи дека Европа на долг рок ќе стане регион со високи цени на енергијата.

Според него, западната политичка класа шпекулира со „апсолутна природна загриженост на многу луѓе во врска со електраните и климатските прашања“, намалувајќи ја важноста на традиционалните извори на енергија од јаглеводороди, истовремено преценувајќи ја улогата на алтернативната енергија.

Тоа, рече тој, придонесе за предизвикување енергетска криза за која западните власти сега се обидуваат да ја обвинат Русија.

„Има впечаток дека нашите западни колеги, политичари и економисти едноставно ги заборавија основите на елементарните економски закони или, на нивна штета, претпочитаат намерно да ги игнорираат“, рече Путин, според извештајот на Спутник Интернешнл.

Тој додаде дека „недвосмислено, заедно со енергетските ресурси на Русија, економската активност ќе оди од Европа во другите региони во светот“.

„Таков економски автогол, или самоубиство, се разбира, е внатрешно прашање на европските земји. Мораме да се однесуваме прагматично и да тргнеме првенствено од сопствените економски интереси“, нагласи Путин.

Тој ги повика руските власти да „дејствуваат проактивно“ во контекст на „безумните и хаотични“ акции преземени од некои од западните „партнери“ и тоа да го свртат во корист на Москва.

Рускиот претседател вети дека државата ќе направи „се што зависи од нас“ за да создаде соодветни услови за работа на енергетските компании, почнувајќи од подобрување на логистичките капацитети до обезбедување платни системи во националните валути на земјите партнери и подобрување на достапноста на кредити и осигурителни услуги.

Путин додаде дека руските нафтени компании не треба да ги задржуваат парите што ги заработуваат – приходите од поскапувањето на енергенсите, велејќи дека промените на светскиот пазар на нафта се од „тектонски карактер“ и дека „бизнисот како досега, се разбира, според стариот модел, изгледа неверојатно“.

„Во новите услови, важно е не само да се извлече нафта, туку да се изгради целиот вертикален синџир до крајниот потрошувач“, заклучи Путин, пренесува РИА Новости.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром