Утрински Весник
Спорт

Батлер ги растури Бостон – Мајми води во финалето на Истокот

Кошаркарите на Мајами Хит со победа го отворија финалето во Источната конференција во НБА лигата. Мајами, во првиот натпревар од серијата, славеа над Бостон Селтикс со 118:107.

Мајами до победата ги предводеше Џими Батлер. Крилниот играч натпреварот го заврши со 41 поен, 27 од нив постигна во второто полувреме. Батлер во статистиката запиша и девет скока, пет асистенции, четири украдени топки и три блокади.

Бостон доби три од четирите четвртини, загубија поради катастрофалната игра во третиот период, во кој погодина само два шута од поле. Мајами третиот период го доби со 39:14.

Покрај Батлер, кај Мајами се истакнаа и Тајлер Хиро со 18 и Гејб Винсент со 17 поени.

Бостон го предводеа Џејсон Тејтум со 29 и Џејлен Браун со 24 поени и 10 скока.

Вториот меч од серијата ќе се одигра ноќта помеѓу четврток и петок, домаќин повторно ќе биде Мајами.



> Батлер ги растури Бостон – Мајми води во финалето на Истокот <

Можете да прочитате

Восочната фигура на Килијан Мбапе можеби е најдобрата фигура на фудбалер досега

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна лига

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз