Утрински Весник
Спорт

ПСЖ постави цена на Нејмар

ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата
Screenshot

Париз, 15 март 2020 (МИА) – Управата на Пари Сен Жермен веќе се подготвува за живот по Нејмар. Според новинарот на ЕСПН, Жулиен Лоренс, францускиот клуб може да го продаде бразилскиот техничар за околу 150 милиони евра. Спортскиот директор на тимот од Париз, Леонардо е непопустлив дека Килијан Мбапе не е за продажба и приоритет во текот на летото ќе биде неговото задржување.

Газдите на Барселона ја следат состојбата околу Неј, но се надеваат на пониска цена. „Лос Кулес“ очекува ПСЖ да ја намали цената на Бразилецот со образложение дека не го обновил договорот со ПСЖ за повеќе од три сезони, што е знак дека сака да си замине.

Screenshot

Враќањето на Нејмар е голема желба на претседателот на Барса, Пеп Марија Бартомеу, а Лионел Меси би бил задоволен од тоа.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гизолфи е новиот спортски директор на Рома

Далиќ го објави списокот на Хрватска за ЕП!

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата