Утрински Весник
Спорт

ПСЖ и Евертон се подготвени да го купат Пелегрини од Рома за 30 милиони евра

ПСЖ и Евертон се подготвени да го купат Пелегрини од Рома за 30 милиони евра

Рим, 18 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашот Евертон се приклучи во борбата за играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, за кој се интересира и францускиот шампион Пари Сен-Жермен.

Двата клуба се подготвени да платат компензација од 30 милиони евра, за 23-годишниот фудбалер и член на италијанската репрезентација, објави новинарот Николо Скира. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, двата клуба се согласни на Рома да и платат две транши од по 15 милиони евра.

Оваа сезона, Пелегрини има 18 настапи за Рома, постигнато еден гол и остварено девет асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години