Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 142 мигранти во товарно возило, кривични пријави за двајца гевгеличани

Пронајдени 142 мигранти во товарно возило, кривични пријави за двајца гевгеличани

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, осомничени за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 10.06.2020 околу 05,40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, соопштија денеска од МВР, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина. Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од село Милетково кон село Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.

– При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишник од Македонија, осомничен за обид за убиство на поранешен водач на навивачите на „Партизан”

Девојка хоспитализирана по напад во Охрид, уапсен нејзиниот 31-годишен партнер

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“