Утрински Весник
Македонија

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово.

„ Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана“ соопшти МВР.

Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ

Градоначалник и раководител заработија кривична – спорни одобренија за фотонапонски панели