Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога, приведени осум лица за време на музичка манифестација во Стар Дојран

Синоќа во периодот од 19.30 до 23.20 часот за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш.

dobivaj vesti na viber

При преглед кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

Гаши утре во Софија на средба со претседателката на бугарскиот парламент

Мицкоски ќе ја финализира реконструкцијата до викендот, јавноста шпекулира со четири имиња