Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи и засилен ветер

Променливо облачно со повремен дожд

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Во земјата денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 6 степени, а дневната ќе достигне 12 степени Целзиусови.

Од понеделник следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст. вг/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор