Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Во седум часот биле измерени 52 сантиметри снег на Маврови Анови, 38 сантиметри на Попова Шапка, 32 во Пожаране, 30 сантиметри снег се измерени во Крушево, 21 во Ѓуриште, 20 во Дебар, 16 во Гостивар, 14 во Битола, 10 во Претор и Берово, 8 во Охрид, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 6 во Тетово, 4 сантиметри снег има во Скопје-Петровец, 3 во Виница, 2 во Штип и Куманово, 1 во Скопје-З.Рид.

Утрово, како што информираат од УХМР, врнежите се слаби и локални, претежно во источните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 4 степени.

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога