Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и студено време, на места со повремен снег

Променливо облачно и студено време, на места со повремен снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување снег. Минималната температура ќе се спушти до минус 2, а максималната ќе достигне до 5 степени, соопшти УХМР.

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи, претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60 км/ч. Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, а утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нулата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот