Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и ветровито време, со температури до 22 степени

Променливо облачно и ветровито време, со температури до 22 степени

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот на земјава. Попладне облачноста ќе се намали.

Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Максималната дневна температура ќе се движи од 13 степени во Маврово до 22 во Гевгелија.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

Од сабота следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал