Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со снег на планините

Променливо облачно време со снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините над 1.500 м.н.в од снег, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека врнежите на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Можете да прочитате

ЛДП: Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се

Спречен обид на илегален влез на мигранти, испукани предупредувачки истрели на границата со Грција

Николоски: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот