Утрински Весник
Македонија

Продолжува изградбата на салата на средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

Продолжува изградбата на салата на средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

Куманово, 17 март 2020 (МИА) – Продолжува изградбата на спортската сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Градоначалникот  Максим Димитриевски на социјалните мрежи објави дека почна поставувањето санитарни јазли, греење, атмосферски и фекален одвод, подготвителни работи за поставување под во салата.
Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.
Според најавите, до крајот на оваа учебна година се очекува учениците од средното училиште да ја користат салата во чија близна се наоѓа и атлетското игралиште.
Приближно 2000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и на албански јазик од  ова средно училиште, првпат по шест децении. ќе добијат спортска сала.
Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба  две спортски сали –  во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде што наставата се изведува на албански  јазик, и во основното училиште „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкезe. ам/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда