Утрински Весник
Технологија

Програма која не дозволува голи фотографии

Алек Болдвин повторно коментираше на Инстаграм, ќерка му се сликала во танга
Ss2

Токио, 21 февруари 2020 (/) – Јапонската компанија Тон Мобил создаде телефон опремен со вештачка интелигенција што знае кога корисникот се обидува да сними „секси селфи”.

Имено, ако програмата регистрира голо тело, самосликот нема да биде можен. Наместо тоа, ќе добиете предупредување „Фотографијата не е снимена поради недозволена содржина“.

Ss1

Целта на овој систем на заштита не е да ги спречи возрасните да си испраќаат фотографии. Тон Мобил сака да ги заштити децата од интернет-изнудување, заведување и уценување.

Родителите можат да ја прилагодат апликацијата и за да добијат предупредување на својот телефон, ако нивното дете се обиде да направи гола слика од нивното тело.

Цената на овој телефон во Јапонија е околу 180 евра. си/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META