Утрински Весник
Македонија

Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice“ е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври