Утрински Весник
Македонија

Притвор за девојката од Велес осомничена за убиство на нејзиниот партнер

Притвор за девојката од Велес осомничена за убиство на нејзиниот партнер

Судот ѝ определи притвор од 30 дена на 23-годишната девојка од Велес осомничена за убиството на нејзиниот партнер, соопшти ​​Основното јавно обвинителство во Велес.

Според досегашните информации од Обвинителството, вчера, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство го убила 40–годишниот маж со кого живеела во вонбрачна заедница.

По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во градниот кош.

Можете да прочитате

Бајрами спроведен во затворот во Шутка

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

СДСМ: „Tалог” кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов