Утрински Весник
Магазин

Принцот Вилијам го отфрли барањето за крштевање на Лилибет во Британија

Принцот Вилијам го отфрли барањето за крштевање на Лилибет во Британија

Крштевката на Лили најверојатно нема да се случи во Обединетото Кралство, откако висок член на кралското семејство, наводно, сугерирал дека тоа не е добра идеја, тврди кралски коментатор.

Лилибет Дијана, најмладото дете на принцот Хари и Меган Маркл, допрва треба да дебитира на територијата на Обединетото Кралство по нејзиното раѓање во Санта Барбара, Калифорнија, во јуни.

Без јавна фотографија на детето, почнаа да се шират шпекулации за тоа што војводата и војвотката од Сасекс планираат за нејзиното крштевање.

Кралскиот дописник на Ен-би-си, Нил Шон, тврди дека е малку веројатно Лилибет да го помине денот во капелата Сент Џорџ во Виндзор поради наводна интервенција на висок член на кралското семејство.

“Еден од поголемите проблеми со кои Меган се соочува е тоа што сака нејзината ќерка Лилибет Дијана да биде крстена на истото место каде што се венча со нејзиниот сопруг принцот Хари и каде што се оддржа крштевањето на нејзиното првороденче, Арчи,“ тврди Шон.

„Но, очигледно е дека има сериозен застој. И Хари и Меган беа многу заинтересирани да го направат тоа враќање и да се погрижат овој чин да се случи во присуство на нејзиното височество кралицата.“

„Некои луѓе може да речат дека само ја капитализираат својата кралска врска и зошто да не? Така сега заработуваат пари.“

„Но, тука истапи една личност која во основа одлучи дека нема апетит за ова, личност која навидум сега засега не е спремна да се бакне и да се смири со својот помлад брат.“

Шон понатаму тврди дека според добро информиран извор, принцот Вилијам бил тој што во основа рекол: не, ние не мислиме дека ова ќе функционира, тоа не e особено добра идеја.

Кенсингтонската палата одби да коментира.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста