Утрински Весник
Македонија

Приведен струмичанец фатен со 100 килограми тутун без платени давачки

Приведен струмичанец фатен со 100 килограми тутун без платени давачки

На магистралниот пат Свети Николе – Штип, кај населбата Три Чешми, околу 3.30 часот на 11 јануари полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ж.А. (61) од Струмица.

Како што информираат од МВР, при контрола на товарно возило „фиат“, со скопска регистрација, кое го управувал, биле пронајдени и одземени околу 100 килограми сецкан тутун, спакуван во ќеси и кутии на кои имало називи и логоа од познати брендови на тутун, но без акцизни маркички и декларции.

За случајот се запознати јавен обвинител и Царинската управа, а по негово комплетирање ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни