Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец, пронајдена дрога, муниција

Приведен скопјанец, пронајдена дрога, муниција

Вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба и од Единицата за недозволена трговија лишен од слобода е Б.К.(31) од Скопје.

Имено, при претрес на дом на подрачјето на Гази Баба, кој го користел Б.К., извршен со наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје, пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, и тоа: два лаптопи, фалсификувана патна словенечка исправа на име М.К., фалсификувана бугарска возачка дозвола на име В.В., два куршуми пиштолска муниција, две дигитални ваги, две ќесички бела прашкаста материја.

Б.К. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД

Ноќна полициска акција во скопско: Пронајдена дрога, едно лице лишено од слобода

Македонија во жолта фаза: Жештините продолжуваат и во септември