Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец за издржување зaтворска казна од две години

Приведен скопјанец за издржување зaтворска казна од две години

25-годишен скопјанец е приведен во центарот на Скопје а по него како што соопшти полицијата била распишана потерница за кривично дело „тешка кражба“.

Денеска околу 11.40 часот на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана потерница од Основен суд Скопје 1, го лишиле од слобода А.Ф.(25) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа