Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник од Скопје, со закана крадел пари од обложувалници

Приведен разбојник од Скопје, со закана крадел пари од обложувалници

Денеска во 06.10 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(26) од с.Ново Село.

Тој се сомничи дека во периодот од 24.02.2021 до 21.05.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на ул.„Митрополит Tеодосиј Гологанов“, ул.„Орце Николов“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје одзел пари.

При претрес во неговиот дом во с.Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe пронајдени предмети поврзани со кривичните дела.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен

Промовиран нов модул за електронска евиденција на здравствените прегледи од медицина на трудот

Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева