Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник на подрачјето на Бит Пазар

Приведен разбојник на подрачјето на Бит Пазар

Вчера во 09.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода С.Ј.(26), за кого имало локален распис.

Тој се барал во врска со кривично дело „разбојништво“ во обид, извршено на 16.11.2021 во подземна гаража на станбен и деловен комплекс.

С.Ј. е приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени