Утрински Весник
Спорт

Вилјареал ја наполни мрежата на Столе Димитриевски

Вилјареал славеше убедлива победа (1:5) на гости против Рајо Ваљекано. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски прими пет гола на домашен терен од полуфиналистот во Лигата на шампионите. По овој триумф, Вилјареал се наоѓа на седмото место на табелата во Ла Лига.

Педраза во третата минута донесе водство за Вилјареал, а израмни Серхио Гвардиола. Но, Вилјареал до крајот на првиот дел постигна уште три гола. Фојт, Пако Алкасер и Пау Торес се погрижија за убедливо водство до одморот, а во второто полувреме Педраза уште еднаш погоди, за конечни 1:5.



> Вилјареал ја наполни мрежата на Столе Димитриевски <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk