Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од Куманово – украденото пронајдено

Приведен крадец од Куманово – украденото пронајдено

26-годишен жител на Куманово бил приведен бидејќи извршил кражба во стовариште.

Според информации од полицијата, вчера во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (26) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на ул.„Биљановска“ во Куманово, при што кај него биле пронајдени украдените предмети.

Истиот бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството