Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од гостиварско

Вчера во 17.55 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Е.Х.(26) од гостиварски Добридол, поради основано сомнение дека сторил повеќе кривични дела „кражби“.

Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Интерпелацијата на министерката за енергетика Божиновска пред пратениците

Променливо облачно со локален дожд

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот