Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец од гостиварско, извршил три кражби во полошко

Приведен крадец од гостиварско, извршил три кражби во полошко

Вчера во 09.45 часот во Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Ќ.(31) од гостиварско Ѓурѓевиште.

Тој се сомничи дека извршил три тешки кражби во продажни објекти во Неготино, полошко.

Н.Ќ. бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?