Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од гостиварско поради напад врз новинар

Приведено лице од гостиварско поради напад врз новинар

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.

Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Четири нови случаи на семејно насилство во последните 24 часа

Струмичанец тешко повреден откако со мотор излетал од патот

Сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротнет, повредено 14 годишно девојче