Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција

Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, денеска приведоа жител на битолското село Жабени, кај кого при преглед на возилото и во домот, било пронајдено оружје и куршуми за кои не поседувал дозвола.

„ Полицијата го лишила од слобода Б.Б.(41) од с.Жабени, битолско. При преглед на патничко возило “ауди”, кое го управувал, бил пронајден пиштол “црвена застава” и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје. Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола“ соопшти МВР.

Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен гостиварец

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг