Утрински Весник
Македонија

Приведено лице за издржување казна затвор од 4 години

Приведено лице за издржување казна затвор од 4 години

Вчера во 20.00 часот на ул.„Гемиџиска” во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(61) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски