Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје – приведен дилер

Претрес во Скопје – приведен дилер

Синоќа, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А.С.(27) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски