Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца прилепчани, нелегално поседувале оружје и муниција

Приведени двајца прилепчани, нелегално поседувале оружје и муниција

Две лица од Прилеп се приведени поради нелегално поседувале оружје и муниција, соопшти полицијата.

„На 11.01.2022 од полициски службеници од Полициското одделение Чашка биле лишени од слобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп. При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола“, информираат од МВР.

Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание