Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари од Штип, пронајдени се 14 мигранти

На 12.08.2022 околу 22.15 часот во близина на црква во с. Прдејци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Штип, a околу 23.50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

dobivaj vesti na viber

Имено, во 21.15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци – Смоквица во товарно возило „ивеко“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило „пежо 306“, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело.

Лицата мигранти се сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Началникот на ГШ на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

Македонија конечно го става во погон својот потенцијал, „Иловица-Штука“ меѓу проектите што би можеле да профитираат од најавениот инвестициски бран 

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните деца да патуваат со бугарски пасоши