Утрински Весник
Свет

Претседателката на Тајван предупредува: Заканата од Кина е сеуште висока

300x250 (7)

Тајванската претседателка Цај Инг-вен објави дека воената закана за островот од Кина „останува висока“, пренесува ТАС повикувајќи се на локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Тајван нема да се вклучи во ескалација на конфликтот или да предизвикува спорови, но е цврсто решен да го брани својот суверенитет и национален идентитет, да ги заштити демократијата и слободата“, рече таа.

300x250 (7)

Тензиите во Тајванскиот теснец и целиот азиско-пацифички регион се зголемија по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, што предизвика остри критики од Кина.

Пекинг постојано го предупредуваше Вашингтон дека ќе возврати ако Пелоси, која е на третото место во хиерархијата на американската администрација, го посети Тајван. Кинеската војска потоа започна големи вежби на 4 август, вклучително и лансирање на проектили во шест области околу Тајван, јави ТАС.

Војската во средата објави дека успешно завршила различни воени мисии околу Тајван по речиси една недела, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.

Истиот ден, Пекинг ја претстави својата стратегија за решавање на проблемот со Тајван, преку Белата книга со наслов „Прашањето на Тајван и обединувањето на Кина во новата ера“, во која рече дека мирното обединување и „една земја, два системи“ се основните принципи за решавање на прашањето.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња