Утрински Весник
Македонија

Претпладне снег, а потоа разведрување

Претпладне снег, а потоа разведрување

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови, a потоа времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од  2 до 10 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, и се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд. са/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акција на финансиската полиција: Претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица

Кривични пријави за инвеститор и општинска инспекторка поради уривање на заштитен објект во Куманово

Д-р Агаи: Нов живот може да почне ако и дадеме шанса на трансплантацијата на органи