Скопје, 16 јуни 2020
Секогаш кога било најтешко, кога државата се наоѓала во комплицирани моменти, СДСМ покажувал одговорност и преземал храбри и важни чекори за доброто на нашиот народ и нашата земја.
Нашата одговорност ја потврдуваме и сега.
Презедовме уште еден чекор за да им олесниме на граѓаните и веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот.
Цврсто сме решени да обезбедиме активно Собрание, целосно функционална политичка Влада и институции кои со полн капацитет ќе им служат на интересите на граѓаните.
Мораме и можеме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата.
Како што бевме свесни дека од самиот почеток на битката со коронавирусот е потребна брза и одговорна реакција од сите институции, така и сега јасно кажуваме дека државата нема да може да издржи поголема криза од оваа, доколку продолжиме со техничка Влада и без Собрание.
За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да покажат барем малку одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.
13. и 14. јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во самоизолација и сите хронично болни граѓани.
Овој наш државнички чекор, е за спас на државата.
Со гордост кажуваме дека СДСМ е носител на одговорна власт.
Граѓаните ќе го казнат незрелото и несовесно однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Деструктивното однесување на Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ, преку лажни вести и злоупотреба на МВР да ги саботираат здравствениот, економскиот и политичкиот систем, завршува на 15 јули.
15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција.
Прес-конференција на Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.