Утрински Весник
Политички Партии

Билали од ДПА за еколошките политики на ДУИ

Билали од ДПА за еколошките политики на ДУИ
300x250 (7)

 

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Изјавите на експонентите на ДУИ продолжуваат да бидат манипулативни во сите димензии, смета координаторт на советниците на ДПА, во Советот на Општина Тетово, Аднан Билали, кој додаде дека вчера во една дебатна емисија преставник на ДУИ во продолжение како знаат најдобро изјави дека Тетово нема отпадоци.

– Денеска ве повикавме да бидет сведоци на манипупаците на ДУИ. На оваа улица, на овој дел каде се движат граѓаните од оваа зона имаме куп отпад кој со сигурност не е отстранет со недели. Како разултат на неработењето и неангажирањето на Општина Тетово, вакви депони имаа во повеќе делови на Тетово, рече Билали.

300x250 (7)

Тој воедно истакна дека цели 12 години ДУИ го води Министерството за екологија и не реализирале ниту еден еколошки проект, ниту една регионална депонија во деловите каде живеат Албанците.

– Депонијата „Русино”, функционира без ниту еден еколошки стандард и е жариште на штета на здравјето на граѓаните и загадување на просторот на селата и жителите во околина. Во секое село или населено место во Полошкиот регион има диви депони, но Министерството за екологија не презема никаква мерка за нивна елиминација, изјави Билали.

Во оваа прилика тој ги повика локалните власти и ДУИ да преземат конкретни активности за чистење на дивите депони во Тетово и околината. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт