Утрински Весник
Македонија

Престрелка во Бутел во која едно лице е убиено

9D4900F6 2ED2 47AF 8BFC FBFE447CA0AA

Пукање во скопски Бутел ги вознемири жителите, а станува збор за престрелка во која едно лице е убиено. Убиството се случи доцна вечерва, на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“. Од МВР велат дека од првичните информации знаат дека е пукано од возило кон друго возило марка „голф“ во кое се превезувале две лица, а од кои едниот е убиен.

„Во СВР Скопје околу 22 часот пријавено е пукање од возило кон друго пмв ‘голф’ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“, одосно на паркингот. Во возилото ‘голф’ во кој било пукано, биле две машки лица, од кои едно им подлегнало на повредите во Клинички Центар. Увидна екипа на терен се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР

Детали за вечерашната престрелка, се најавуваат откако ќе биде направен увид.

Можете да прочитате

Одложено судењето на Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, закажани нови термини за расправа

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски” и може да се обединиме

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година