Утрински Весник
Македонија

Препорака за укинување на задолжителното носење маски во затворен простор

Препорака за укинување на задолжителното носење маски во затворен простор

Комисијата за заразни болести на денешната прес-конфернеција информираше дека на редовниот состанок заклучиле оти моменталните услови овозможуваат намалување на рестриктивните мерки и се согласиле да препорачаат укинување на задолжителното носење на маски во затворен простор.

„Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти останува задолжителното носење на маски. Во сите останати затворени простори маските можат да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува“, рече претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Втората препорака се однесува на следењето на контактите од потврдени случаи на Ковид-19, односно се укинува епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, додаде Петличковски.

Тој кажа дека Комисијата ја проценува епидемиолошката состојба и планира постепено олабавување на мерките за да не се соочат наеднаш со зголемен ризик.

Во однос на тоа колку траат владините процедури за носење на одлуките, Комисијата не го коменитира дефинитивното носење на одлуките.

Можете да прочитате

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати