Утрински Весник
Македонија

Преку набавка на печки на пелети во Берово ќе се намалува аерозагадувањето во училиштата

Нови мерки за социјална заштита во Берово
Img 5587

Берово, 2 март 2020 (МИА) – Општина Берово доби 800 илјади денари како дел од Програмата за намалување на аерозагадувањето. Средствата како што информираше Билјана Каламадевска од општина Берово, ќе бидат наменети за набавка на печки на пелети за потребите на деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово и подрачните училишта.
-Во училиштето е планирано да сe заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут, со комлетно нова опрема, согласно доставениот проект, со што ќе се подобрат условите за учење на учениците и ќе се заштити животната средина, информираше Каламадевска.
Општината, како што додаде ќе продолжи и понатаму да биде сериозен партнер на инситиуциите во усовршување на образовниот процес и ќе учествува на сите повици за реализација на активности, како во сферата на образованието, така и во сите останати општествени сфери.
Целта, на оваа мерка, како што додаде е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето.
Целокупната постапка за набавка на печките на пелети е предвидена преку избор на најповолен понудувач, постапка која како што информираа, надлежните, ќе се спроведува на транспарентен начин согласно одредбите за јавни набавки. вс/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани