Утрински Весник
Македонија

Реакција за СЕММ за случајот на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката Мирослава Бурнс

СЕММ: Изјавата на Заев недолична и несоодветна од носите на јавна функција

Скопје, 2 март 2020

Последниот случај на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија, е уште еден показател на тенденциите за попречување на работата на новинарите во известувањето за прашања од јавен интерес.

Ваквите инциденти и непријателскиот амбиент што го предизвикуваат се директен напад врз слободата на изразување, а во случајов уште позагрижувачки е што новинарката е мета на напад и како вработена во медиум и како жена.

За Советот за етика во медиумите на Македонија е целосно неприфатливо на каков било начин да се попречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од секакви закани и притисоци.

Притисоците врз новинарите, било директни или индиректни, сериозно може да влијаат врз начинот на којшто новинарите ја остваруваат својата дејност, изборот на сториите за коишто известуваат и начинот на којшто ќе обработуваат прашања од јавен интерес.

Апелираме до институциите да ги преземат соодветните мерки за целосно расветлување и расчистување на ваквите инциденти. Решавањето на случаите од овој вид ќе го обесхрабри повторувањето на ваквите чинови на притисоци врз медиумите.

СЕММ

______________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени малолетни разбојници кои со закана одзеле пари во Центар

МЕТЕО НАЈАВА: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас