Утрински Весник
Политички Партии

Отсуството на обвинетиот Владимир Талески го одложи судењето за „Транспортер“

Завршни зборови за „Транспортер“ на 2 март
300x250 (7)

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Судското рочиште за „Транспортер“ се одложува за 4 март поради отсуство на обвинетиот Владимир Талески, кој за тоа доставил медицинска документација.

Судијката Добрила Кацарака, рече дека нема да прифати одложување на рочишта со секоја доставена медицинска документација и го извести бранителот дека ќе побара проверка и доколку обвинетиот можел да присуствува ќе побара итно стражарско приведување.

Ss1

Случајот се наоѓа во завршна фаза, со давање на завршни зборови.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. аа/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт