Утрински Весник
Македонија

Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи

Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи

Скопското обвинителство бара парични казни за едно лице и угостителски објекти, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетиот, кој е сопственик на објектот лоциран на улица „Дебарца“, на 3 октомври постапил спротивно на донесените протоколи за работа на угостителските објекти за исхрана во услови на пандемија.

Тој дозволил послужување на гости на стоење, иако тоа согласно протоколите е забрането, и не обезбедил пропишано растојание меѓу масите во објектот, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 50 евра за обвинетиот граѓанин, како и парична казна од 300.000 денари за обвинетиот правен субјект.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила