Утрински Весник
Македонија

Предлог од Владата за вонредна состојба до 22 јуни за спроведување на изборите

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) –  Владата вечерва на 67-мата седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот, да утврди постоење вонредна состојба за период од осум дена, односно да трае од денеска (15 јуни) до 22 јуни.
– Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со  мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава, соопшти владината прес-служба. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов